Услуги

Печати
PDF
audiometrija 168x224px

1.Тестирање на слух - При лесна или потешка наглувост, во специјална кабина се врши мерење на слухот со пуштање на одредени тонови со различна фреквенција. Специјалниот апарат со кој се врши ова тестирање е аудиометар (процесот стручно се нарекува тонална лиминарна аудиометрија). Ова испитување се врши кај деца над 4 годишна возраст кои можат да соработуваат и кај возрасни.

 
 

timpanometrija 168x126px

2. Тимпанометрија - Со специјален апарат тимпанометар, на дигитален начин се детектираат промените на средното уво. Во практиката многу родители се преплашени поради недослушување на нивните деца и секогаш го поставуваат прашањето дали нивното дете е наглуво или не. Со тимпанограмот се откриваат точните промени изразени во три типови на крива кои ги чита лекарот за уво, нос и грло. Причините за наглувост може да бидат зголемен трет крајник што е најчест случај кај децата, намалена проодност на Евстахијевата туба или секрет во средното уво. Овие промени ги открива тимпанометријата, а методата се применува и кај возрасни, кои се жалат на затнато уво.


3. Ласерски третман на зуење во уши - Се врши со специјален апарат, т.н. Тини-мед, кој има биостимулативен ефект.


perenje na usi 168x126px

4. Перење на уши - Се врши не со шприц, туку со апарат специјално направен за таа намена. Тој е со регулирана температура и притисок, не причинува болки и е атрауматичен (нема опасност од опасност да се повреди усното тапанче).


5. Третман на акутни и хронични отити - Станува збор за успешно третирање на воспаление на надворешното и на средното уво. Воспалувањето на надворешното уво настанува при капење во нечисти води, особено во летен период, а исто така се воспалува и при чистење со нечисти предмети.


eho na sinusi 168x126px

6. ЕХО и третман на синуси - ЕХО на синуси е неинвазивна метода (безболна метода) без зрачење со која се детектираат евентуалните воспаленија на синусите. Методата може да се користи од најмала возраст и често да се повторува за да се следи процесот на оздравување.

aspiracija 168x126px

7. Инхалација и аспирација на секрет од нос и грло - Третманот на синуси се состои во правење на инхалации, аспирација на секрет од нос (таа особено е ефикасна во најмалата детска возраст при затнато носе и кашлица). Аспирацијата го запира спуштањето на секретот од нос во белите дробови.

 
 

8. Солукс лампа (инфрацрвена топлинска лампа) - Инфрацрвено топлинско зрачење се користи за загревање на воспалените синуси, особено во хронична фаза.


alt9. Биоптрон (поларизирана светлина) - Наоѓа широка примена во областа на лекување на болести со уво, нос и грло. Главните ефекти на Биоптрон Светлинската терапија се намалување на болката и потпомагање на репарацијата и регенерација на ткивата. Во практиката се користи како помошна метода во комбинација со медикаменти при болести, особено на надворешното уво, при акутни и хронични синусити, при воспалителни промени во носот кај малите деца - течење или затнатост на носот, при херпеси на уста ( херпесзостер), како и при ангини на грлото.


alt

10. Ларингоскопија - Ендоскопска дијагностика на болести на уво, нос и грло - Визуелизација со ендоскопска камера, односно со оптика и зголемување на сите промени на грлото и гласилките.


alt

11. Фиберназоскопија - Откривање на полипи во нос со помош на специјален најсовремен ендоскопски апарат наречен фиберскоп. Со него се откриваат и други анатомски промени во носот. Исто така се користи за откривање на зголемен третиот крајник кај малите деца, а воедно и полипи на гласни жици и тумори на гласни жици кај возрасни. 


altaltaltalt

 
 
 
 
 
 
 
 
12. Отоскопија - Со видео камера со зголемување на монитор се гледаат промените на ушното тапанче. 

13. Ласерско третирање на проблеми на уво, нос и грло - Најнови методи кои ги третираат проблемите на уво, нос и грло со терапевтски ласер, кој е ретко застапен во Македонија.