Биоптрон (поларизирана светлина)

Биоптрон наоѓа широка примена во областа на лекување на болести со уво, нос и грло. Главните ефекти на Биоптрон светлинската терапија се намалување на болката и потпомагање на репарацијата и регенерација на ткивата. Во практиката се користи како помошен метод во комбинација со медикаменти при болести, особено на надворешното уво, при акутни и хронични синузити, при воспалителни промени во носот кај малите деца – течење или затнатост на носот, при херпеси на уста (херпес зостер), како и при ангини на грлото.