Тимпанометрија

Со специјален апарат – тимпанометар, дигитално се детектираат промените на средното уво. Во практиката, многу родители се преплашени бидејќи нивното дете недослушува и секогаш прашуваат дали нивното дете е наглуво или не. Со тимпанограмот се откриваат точните промени изразени во три типови на крива кои ги чита лекарот за уво, нос и грло. Причините за наглувост може да бидат: зголемен трет крајник (што е најчест случај кај децата); намалена проодност на Евстахијевата туба; секрет во средното уво, итн. Овие промени ги открива тимпанометријата, а методот се применува и кај возрасни, кои се жалат на затнато уво.