Услуги

1. Тестирање на слух
При лесна или потешка наглувост, во специјална кабина се врши мерење на слухот со пуштање на одредени тонови со различна фреквенција. Специјалниот апарат со кој се врши ова тестирање е аудиометар; процесот стручно се нарекува тонална лиминарна аудиометрија. Ова испитување се врши кај деца над 4 годишна возраст кои можат да соработуваат, и кај возрасни.

2. Тимпанометрија
Со специјален апарат – тимпанометар, на дигитален начин се детектираат промените на средното уво. Во практиката многу родители се преплашени поради недослушување на нивните деца и секогаш го поставуваат прашањето дали нивното дете е наглуво или не. Со тимпанограмот се откриваат точните промени изразени во три типови на крива кои ги чита лекарот за уво, нос и грло. Причините за наглувост може да бидат: зголемен трет крајник (што е најчест случај кај децата); намалена проодност на Евстахијевата туба; секрет во средното уво, итн. Овие промени ги открива тимпанометријата, а методот се применува и кај возрасни, кои се жалат на затнато уво.

3. Ласерски третман на зуење во уши
Се врши со специјален апарат, т.н. Тини-мед, кој има биостимулативен ефект.

4. Перење на уши
Наместо со шприц, перењето на ушите се врши со апарат специјално направен за таа намена. Тој е со регулирана температура и притисок, не причинува болки и е атрауматичен (нема опасност од опасност да се повреди тапанчето).

5. Третман на акутни и хронични отити
Станува збор за успешно третирање на воспаление на надворешното и на средното уво. Воспалувањето на надворешното уво настанува при капење во нечисти води, особено во летен период, а исто така се воспалува и при чистење со нечисти предмети.

6. ЕХО и третман на синуси
ЕХО на синуси е неинвазивен метод, со кој безболно и без зрачење се детектираат евентуалните воспаленија на синусите. Методот може да се користи од најмала возраст и може често да се повторува за да се следи процесот на оздравување.

7. Инхалација и аспирација на секрет од нос и грло
Третманот на синуси се состои во правење на инхалации, аспирација на секрет од нос. Аспирацијата е особено ефикасна во најмалата детска возраст при затнато носе и кашлица. Аспирацијата го запира спуштањето на секретот од нос во белите дробови.

8. Солукс лампа (инфрацрвена топлинска лампа)
Инфрацрвено топлинско зрачење се користи за загревање на воспалените синуси, особено во хронична фаза.

9. Биоптрон (поларизирана светлина)
Биоптрон наоѓа широка примена во областа на лекување на болести со уво, нос и грло. Главните ефекти на Биоптрон светлинската терапија се намалување на болката и потпомагање на репарацијата и регенерација на ткивата. Во практиката се користи како помошна метода во комбинација со медикаменти при болести, особено на надворешното уво, при акутни и хронични синусити, при воспалителни промени во носот кај малите деца – течење или затнатост на носот, при херпеси на уста (херпес зостер), како и при ангини на грлото.

10. Ларингоскопија
Ендоскопска дијагностика на болести на уво, нос и грло – Визуелизација со ендоскопска камера, односно со оптика и зголемување на сите промени на грлото и гласилките.

11. Фиберназоскопија
Откривање на полипи во нос со помош на специјален најсовремен ендоскопски апарат наречен фиберскоп. Со него се откриваат и други анатомски промени во носот. Исто така се користи за откривање на зголемен третиот крајник кај малите деца, а воедно и полипи на гласни жици и тумори на гласни жици кај возрасни. 

12. Отоскопија
Со видео камера и зголемување на монитор, се гледаат промените на ушното тапанче. 

13. Ласерско третирање на проблеми на уво, нос и грло
Најнови методи кои ги третираат проблемите на уво, нос и грло со терапевтски ласер, кој е ретко застапен во Македонија.