При лесна или потешка наглувост, во специјална кабина се врши мерење на слухот со пуштање на одредени тонови со различна фреквенција. Специјалниот апарат со кој се врши ова тестирање е аудиометар; процесот стручно се нарекува тонална лиминарна аудиометрија. Ова испитување се врши кај деца над 4 годишна возраст и кај возрасни.